Дербито на Чаир меѓу Шкупи и Ренова, на отворањето на 11.коло, му припадна на лидерот. Сандеј и Алварез од пенал беа стрелци за победничката екипа, а Мустафов за “гипсарите“. Дерби како дерби, убава игра, шанси, три гола и на крај трите бода за момците на стратегот Гоце Седлоски. Ова за Шкупи е петта победа во серија, тие го продолжуваат победничкиот ритам. Сега на “гипсарите“ им побегнаа дури пет бода на табелата.
По триумфот, по обичај, следуваше победнчко селфи во соблекувалната на Шкупи.