Тимот на Шкупи на домашен терен попладнево до 14:00 часот ја пречекува екипата на Ренова во премиерниот дуел од новото ПМФЛ 11. коло сезонава.
Домашните се лидери на табелата ќе сакаат нормално тој статус да го задржат до самиот крај на шампионатот, но тоа секако нема да биде лесно. Ренова сезонава се покажа како сериозен ривал за многумина, а „Гипсарите“ денеска ќе се обидат да стават до знаење дека куп дебаклот против Ренова беше само еден лош ден.