Tројниот јужноамерикански атлетски првак убиен во Еквадор

219

Еквадорскиот спринтер Алекс Кињонес е убиен во градот Гвајакил во Еквадор, соопштија од локалната полиција. 32-годишниот освојувач на бронзен медал на 200 метри од СП во Доха 2019 година бил пронајден мртов на улица заедно со уште едно лице. Полицијата соопшти дека двајцата биле убиени.

„Загубивме голем спортсмен, човек кој сонуваше и кој со гордост го претставуваше Еквадор. За тие што користат сила и одземаат човечки животи им порачувам дека ќе возвратиме со сила. Оние кои го извршиле овој чин ќе бидат казнети“, соопшти претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо.

Случајот се поврзува со пресметки меѓу локални наркокартели поради кои оваа година речиси 240 луѓе го загубиле животот. Во Еквадор се зачестија и затворските бунтови, по што беше ангажирана и војската да ги обезбедува казнените центри низ државата.

Инаку покрај бронзата од СП 2019, Кинонез беше финалист на 200 метри на ОИ во Лондон, првак на 200 метри на Панамериканските игри во 2019, како и првак во истата дисциплина на Јужноамериканските игри во 2018, 2015 и 2013 година.

ПретходноЕвропскиот првак на колена пред Сара Ристовска и ЦСКА
СледноИграч на Валенсија збесна по ремито со Мајорка: Не дојдов да се борам за 10-то место!