Вардар 1961 во домашната Супер-лига продолжува без грешка. Актуелниот македонски првак во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Прилеп со убедливи 41-24 и дојде до осмата победа во исто толку одиграни кола.
На избраниците на Веселин Вујовиќ добро им дојде овој меч, особено по поразот од Алборг во ЛШ, како и пред пресметката со Кил за неколку дена на домашен терен.
Се беше решено по 30. минути игра. Со пет гола во низа, Вардар 1961 го отвори овој дуел, на одморот ја имаше истата позитива од пет гола (16-11), до крајот беше чиста формалност.
Атанасовски постигна седум гола, Дибиров и Георгиевски по шест. Кај гостите, Милошески имаше пет.
Претходно Пролет на гости кај Радовиш славеше со 21-27.