Попладнево од 14 часот се играат сите пет натпревари од 8.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Секако дека во центарот на вниманието е мечот на стадионот „Могила“ во Прилеп, во кој се среќаваат домашниот Братство и гостинот,тимот на Каменица Саса. Домашните се единствени во лигата кои немаат победа,барем засега, додека гостите се единствени кои во изминатите седум кола се без пораз. Токму затоа Каменица Саса е огромен фаворит и се освен убедлива победа за оваа екипа ќе биде рамно на сензација.
На стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп, Победаја дочекува екипата на Детонит, и тука се знае кој е фаворит. Во Виница домашниот состав на Слога против Кожуф очекува продолжувањена добрата серија. Во останатите два меча Осогово го дочекува Кит Го а Тим Локомотива игра со Беласица.
ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
БРАТСТВО – КАМЕНИЦА САСА
СЛОГА (В) – КОЖУФ
ОСОГОВО – КИТ ГО
ТИМ ЛОКОМОТИВА –БЕЛАСИЦА
ПОБЕДА – ДЕТОНИТ
ТАБЕЛА
1.САСА 17
2.ПОБЕДА 16
3.СЛОГА (В) 16
4.БЕЛАСИЦА 11
5.ОСОГОВО 10
6.КИТ ГО 9
7.КОЖУФ 8
8.ДЕТОНИТ 7
9.ТИМ ЛОКОМОТИВА
10.БРАТСТВО 1
ФОТО: fk kamenica sasa facebook