„Граѓаните“ го растурија Брајтон на „Амекс“ (видео)

109

Англискиот шампион Манчестер Сити овојпат немаше проблеми на гостувањето на „Амекс“ стадионот против Брајтон во 9. коло на Премиер лигата. Минатата сезона „Граѓаните“ загубија на овој стадион (3:2), но сега им одржаа лекција на „галебите“ совладувајќи ги со 1:4. Уште по првото полувреме шампионот направи убава предност со еден гол на Гундоган и два на Фил Фоден. Во 81. минута домашните намалија преку Мекалистер, а во петтата минута од судиското продолжение Ријад Марез го постави конечниот резултат.

Сити е второпласиран на табелата со 20 бода, два помалку од лидерот Челзи (третиот Ливерпул има меч помалку). Брајтон го запиша вториот пораз сезонава и веќе три кола по ред не знае за победа (три ремија и еден пораз) и е на четвртата позиција.

ПретходноСимоновски со два гола го урна Љапи
СледноВардар 1961 го суреди и Прилеп за „осум од осум“ (ФОТО)