Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ имаше фантастичен настап за Валенсија во триумфот над Морабанк Андора во најсилната шпанска кошаркарска лига. Валенсија имаше доста проблеми со тимот од Андора затоа што губеше, потоа направи пресврт и долго време имаше водство за во финишот да стравува за триумфот. Валенсија победи со 76:75 на ова гостување, а Димитријевиќ даде 14 коша имаше и 6 скокови и 2 асистенции за нецели 28 минути игра. Токму со кош на нашиот репрезентативец во последните секунди од мечот Валенсија дојде до овој значаен триумф.
Валенсија по 7 кола е на шестото место со скор од 4 победи и 3 порази.