Тренерот на Челзи, Томас Тухел во ексклузивно интервју за италијанскиот Газета Дело Спорт изјави дека во моментов е икслучително среќен што е дел од тимот на Челзи кој е во потполност поинаков клуб, од ПСЖ, екипата која што ја водеше претходно.
Имено, Тухел вели дека во Челзи се работи дијаметрално спротивно одколку во Париз, и дека се е подредено единствено на тимот.
„Во Париз се чувствував како министер за спорт, не како тренер. Таму морав да се грижам и за семејствата и пријателите на играчите, овде е сосема поинаку. Многу е полесно да се работи со Лукаку, и да го тренираш него, одколку околу себе да ги имаш Нејмар и Мбапе. Тоа се две различни ситуации“ – изјави Тухел.
Тој во Челзи врши одлична работа, и во Стемфорд Бриџ се презадоволни од германецот.