Се чини дека критиките кои беа бројни во изминатите неколку години, конечно вродија со плод. И дефинитивно, барем според најавите од Островот, Манчестер Јунајтед има намера да го прошири капацитетот на својот стадион. Па така од сегашниѕе 74.000 седишта, „Олд Трафорд“ или „Театарот на соништата“ ќе може да собере најмалку 80.000 гледачи. Овој стадион и онака беше најголем клупски стадион во Англија, а со реконструкцијата ќе биде уште поголем.
Секако дека ова е добра вест за фановите на Манчестер Јунајтед.