Ѕвездите на Лејкерс се степаа на клупа (ВИДЕО)

1137

Од очај во очај. Лејкерси никако не може да дојде во посакуваниот ритам, засега работите во таборот на тимот од ЛА одат во спротивна насока, а врвот на мизеријата го достигнаа на дуелот против Феникс, не само што беа поразени, туку и се посрамотија.

Во главната улога беа Ентони Дејвис и Двајт Хауард, кои се степаа на клупата за резерви, па соиграчите мораа да ги разделат. Причината за ваквиот срамен потег засега не е позната.

Лејкерси беа поразени со 105-115.

ПретходноСтрашен дабл-дабл на Јокиќ, Крис Пол ги уништи Лејкерси и влезе во историјата (ВИДЕО)
СледноМакедонскиот првак и следната сезона ќе има директно место во Лигата на шампиони