Бускетс: Не заслуживме да изгубиме од Реал

268

Капитенот на Барселона Серхио Бускетс ги прокоментира случувањата на теренот по „Ел Класико“ кое се одигра на „Ноу Камп“. Барса изгуби со 1:2.Тој додаде дека неговата екипа не заслужила пораз од големиот ривал. Реал се одлепи од лутиот ривал на табелата на пет бодови.

Ова е преголема казна за тоа што го прикажавме на теренот. Сепак, тие беа подобри во реализацијата и го добија тоа што го бараа. Во првиот дел постигнаа гол од контра, а потоа се повлекоа и чекаа нова контра во вториот дел.
 Знаевме дека ќе ни остават простор со топката, а со Винисиус и Родриго се многу брзи и ни правеа штета при контрите. Доста добро ги контролиравме, но доволно е еднаш да не го направите тоа и ќе примите гол. Тоа комплетно го промени текот на мечот. Не заслуживме да загубиме, но таков е фудбалот. Тој што дава прв гол, има голема предност, така беше и денеска. Клучната разлика се прави во двата шеснаесетника, а тие денеска беа попрецизни од нас“, изјави Бускетс.

ПретходноНа Оле му се стемни: Јунајтед губи од Ливерпул со 0:4 на полувреме (видео)
СледноСалах стана најдобриот африкански стрелец во Премиер лигата