На Оле му се стемни: Јунајтед губи од Ливерпул со 0:4 на полувреме (видео)

233

Големото англиско дерби преминува во кошмар за Манчестер Јунајтед затоа што на својот „Олд Трафорд“ доживува дебакл во дуелот со најголемиот ривал Ливерпул. „Црвените“ предводени од Јирген Клоп водат на полувреме дури со 4:0 со головите на Кеита, Жота и два гола на Салах. Вистинска фрустрација доживуваат момците на Солскјер, а ќе им треба чудо за да ги вратат работите на место и барем да спасат бод.

Пред неколку дена губеа на полувреме од Аталанта со 0:2, а во второто ги сменија работите од корен и на крајот славеа победа. Но сега имаат двојна поголема негатива. Ќе видиме дали ќе успеат нешто да поправат или ќе гледаме уште поголем потоп.

ГОЛ НА КЕИТА НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛ НА ЖОТА НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛ НА САЛАХ НА ОВОЈ ЛИНК

ВТОРИОТ ГОЛ НА САЛАХ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноПешевски и Миркуловски немоќни пред фаворитите
СледноБускетс: Не заслуживме да изгубиме од Реал