Мо Салах на денешното гостување кај Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ постигна хет-трик со што стана најдобриот африкански стрелец во Премиер лигата. По мечот, доаѓа уште еден интересен сттистички детаљ, поврзан со најголемата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо.
Имено, Салах годинава (2021) на три гостувања на „Олд Трафорд“ успеа да постигне фантастични 6 гола. Роналдо кој се врати ова лето на „Театарот на соништата“, на шест досегашни настапи за Јунајтед на домашен терен во сите натпреварувања, постигна само 3 гола!