ПСЖ остана непоразен на жешкото гостување на „Велодром“ каде против Олимпик Марсеј одигра 0:0 иако скоро цело второ полувреме го одигра со играч помалку. Гостите останаа без Хакими кој во 57. минута доби црвен картон.
Во првото полувреме видовме жестока битка и два поништени гола со асистенција на ВАР. Во вториот дел и покрај упорноста на домашните, гол не видовме. Мечот го одбележаа и ужасните сцени при изведувањето на корнерите на ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Меси, кои беа гаѓани од домашните фанови со шишиња и тврди предмети, па мораше да реагира и полицијата и обезбедувањето.
Neymar needed protection while taking his corner because bottles were thrown on the pitch in Le Classique 😳 pic.twitter.com/bnfpDZwwJi
— B/R Football (@brfootball) October 24, 2021