Разочараност кај Фергусон кога Ливерпул поведе со 5:0

132

Неверојатно, но вистинито. Манчестер Јунајтед изгуби со 0:5 од големиот ривал Ливерпул на својот „Олд Трафорд“ покажувајќи дека се уште не е зрел за титулата во Англија. Момците на Оле Гунар Солскјер одиграа лош натпревар, одбраната беше очајна, згора на тоа Погба доби директен црвен картон, па кога се ќе се собере поразот е заслужен.

На трибините навивачите беа разочарани, а по петтиот гол на Ливерпул навивачите почнаа да го напуштаат стадионот. Меѓу разочараните беше и сер Алекс Фергусон. Изразот на лицето кажува се. Тој не може да поверува што му се случува на Јунајтед. Под негово водство „Ѓаволите“ изгледаа незапирливо, атакуваа на титула секоја сезона, а сега не можат да заиграат како што треба во континуитет.

Додека Фергусон издишуваше, некогашниот менаџер на Ливерпул Кени Далглиш пукаше од радост.

ПретходноКошмар за Јунајтед на „Театарот на соништата“ (видео)
СледноТиквеш победнички во Скопје