„Не е лесно да се каже нешто, освен тоа што ова е најмрачниот ден што го имам предводејќи ги овие играчи“, рече Солскјер, на прес-конференцијата по дебаклот од Ливерпул (0-5) на домашен терен.
„Можете да ја погледнете минатата сезона кога загубивме од Тотенхем со 6-1, ова е полошо, километри полошо. Ова е со километри полошо за мене како дете на Манчестер Јунајтед. Можам само да кажам дека треба да го надминеме ова што е можно побрзо. Знаеме дека сме на дното, не можеме да се чувствуваме полошо од ова“, рекол Норвежанецот.
Навивачите не се попустливи кон него и веќе на големо се бара негова смена. Прашање е дали Оле ќе ја преживее оваа фудбалска трагедија.