Златан Ибрахимовиќ во победата на Милан над Болоња од 4-2, запиша една асистенција, автогол и погодок во 90. минута со кој го постави конечниот резултат на мечот.
Со овој гол стана четвртиот најстар стрелец во историјата на италијанскиот шампионат. Погодокот го постигна на 40 години и 20 дена.
Пред него се Пјетро Вјерховод, Силвио Пиола и Алесандро Костакурта, кој ја затресе мрежата на 41 година и 25 дена.
40 – Zlatan Ibrahimovic has become the fourth-oldest scorer in Serie A history (40 years and 20 days), prior today there were only three players with goals with at least 40 years in the Italian top-flight: Costacurta, Piola and Vierchowod. Unstoppable.#BolognaMilan pic.twitter.com/kcqa9cyXjf
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) October 23, 2021