Алаба со прекрасен шут го „отклучи“ голот на Барса (видео)

298

Реал Мадрид води на полувреме против големиот ривал Барселона на „Ноу Камп“ со 1:0. Погодокот го постигна Давид Алаба во 32. минута. По брз контра напад топката стигна до Австриецот на левата страна, а тој со силен шут од далечина ја смести топката во мрежата на Тер Штеген.

Претходно фудбалерите на Реал остро протестираа до судијата Санчез за ситуација за пенал. Арбитарот по консултација со ВАР не свирна удар од белата точка.

ПретходноТотенхем го загуби и четвртиот лондонски дуел по ред (видео)
СледноЏовани Симеоне со четири гола го потона Лацио (видео)