Верстапен ќе стартува од пол-позиција во САД

245

Макс Верстапен ја освои пол-позицијата за Големата Награда на САД. Тој во последните секунди успеа за 0,209 секунди да дојде до подобро време од Луис Хамилтон.

Верстапен во Остин постави време од 1:32.910, додека пак неговиот најголлем ривал Хамилтон оствари време од 1:33.119.

Серхио Перез ќе стартува како трет, по што не четвртото место заврши Валтери Ботас, но ќе назадува пет места поради промена на моторот, па Шарл Леклер ќе се најде во вториот стартерн ред. Следуваат: Карлос Саинц, Даниел Рикардо, Ландо Норис, Пјер Гасли и Јуки Цунода.

ПретходноДоминација на Дукати во квалификациите, Бањаја на пол позицијата, лош настап на Квартараро
СледноСо Димитријевиќ изгледа едноставно – финта од учебниците (ВИДЕО)