Работнички по трите победи во низа падна во Гостивар. Избраниците на Александар Јончевски влегоа во ритам, го совладаа најтрофејниот кошаркарски колетив со убедливи 91-65.
За кошаркарите на Гостивар ова беше трета победа во низа по слабиот старт во Кавадарци, на дело покажаа дека тогаш имаа само лош ден.
По триумфот домашниот тим на својата „Фејсбук“ страница му фати сеир на Работнички.
„Работнички пази, Гостивар гази“, пишаа од Гостивар.