Даниел Стојановски, првиот помошник на досегашниот стратег на Воска, Раде Цицмиловиќ, од вечерва е новиот тренер на клубот од Охрид. Откако Цицмиловиќ денеска и официјално си поднесе оставка од местото шеф на струката на Воска Спорт, клубот веднаш реагираше и се одлучи да му даде шанса на младиот и талентиран тренер.Стојановски во клубот од Охрид дојде непосредно пред стартот на подготовките на Воска Спорт и беше во стручниот штаб на Цицмиловиќ.Тој досега има работено во Пелистер,но и во други клубови.
Од клубот велат дека новиот тренер е доволно квалитетен да го води тимот во нови успеси и дека ја има целата доверба од страна на првиот човек на Воска Спорт, Нефи Усеини и директорот Артан Борова.
Исто така велат дека му изразуваа голема благодарност на досегашниот шеф Раде Цицимиловиќ и му посакуваат се најубаво во понатамошната кариера. Да потсетиме дека по 8.коло Воска Спорт, иако нов второлигаш, се наоѓа на втората позиција, веднаш зад Силекс, но и пред Вардар, Тетекс…