Дарко Мицевски го крена Куп-трофејот во Летонија

210

Некогашниот првотимец на Вардар, Дарко Мицевски го освои својот прв трофеј како фудбалер на летонскиот Ригас. Тимот на РФС го освои Купот на Летонија откако денеска во финалето со 1:0 славеше над екипата на Лиепаја.

Мицевски го одигра целиот меч за Ригас, што за него беше прв комплетно одигран меч по пауза од 5 меча. Ова е инаку втора Куп титула за Ригас во нивното постоење.

ПретходноДен за дебакли: Зенит му нанесе историски срам на Спартак (М), каков што не се памети
СледноМарк Овермарс почна преговори со Њукасл!