Елмас одигра 20-тина минути во ремито на Наполи против Рома

90

Во 9.коло од Серија А тимовите на Рома и Наполи одиграа без голови на „Олимпико“ во Рим. По четирите победи на Наполи над „волчицата“ овојпат составот од Рим успеа да остане непоразен во соочувањата до ривалот од југот.

Во финишот на мечот Жозе Мурињо доби црвен картон поради коментари кон судијата. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во 71. минута на местото на Зелински. Виктор Осимен имаше неколку убави можности да ја затресе мрежата на Рома но не успеа тоа да го направи. Еднаш ја погоди пречката, еднаш стативата.

ПретходноТиквеш победнички во Скопје
СледноПелистер со 4 од 4: Дебакл на Кожув во Битола