Екипата на Леванте претрпе тежок пораз на гостувањето кај соседот Севиља со 5:3 во рамките на шпанската Ла Лига. По првото полувреме Севиља водеше со 3:1 со головите на Оливер Торес, Рафа Мир и Диего Карлос, а за Леванте погоди Моралес.
На почетокот на второто полувреме влезе Енис Барди, а додека нападот се поправи, одбраната не беше на ниво. Примија уште два гола, а напаѓачите не можеа да го следат „темпото“. Моралес и Мелеро стрелаа за Лаванте, а за Севиља голови дадоа уште Ел Хадади и Режес.
Севиља скокна на првото место на табелата, а Леванте е претпоследен.