Легендата на холандскиот фудбал, некогашниот супер фудбалер на Ајакс, Барселона, Арсенал… најверојатно ќе биде новиот спортски директор на Њукасл. Како што денеска пишуваат медиумите на Островот, сегашниот директор на Ајакс ги започнал преговорите со клубот на пребогатиот Мохамед Бин Салман и постојат реални шанси тие преговори да завршат со „ДА“ од двете страни.
Инаку покрај Овермарс, кандидати за таа функција во “новиот“ Њукасл биле и и спортските директори на Лил и Ливерпул, Луис Кампос и Мајкл Едвардс.
Според најавите и покрај тоа што Овермарс се уште е под договор со Ајакс, Њукасл имал намера да плати отштета.