Младоста на Шкендија го “потопи“ Работнички!

804

Лесно и е на Шкендија кога ги има Дашмир Елези (16 години) и Флорент Рамадани (21 година). Токму овие младинци се “виновниците“ за денешната победа на шампионот над Работнички. Прво Елези ги “отвори“ гостите, за да Рамадани по една одлична тимска акција успеа да го постигне вториот гол за тетовци, и со тоа да стави печат на победата на тимот на Бруно Акраповиќ.

Работнички по традиција минува лошо под Шара кога игра со Шкендија. Така беше и попладнево. Кога ќе се прими така наивен гол, и тоа на почетокот, и тоа по киксот на потесната одбрана, јасно е дека нема што да се бара на гости кај Шкендија.

ПретходноЛеванте со полна мрежа се враќа од соседството, Барди одигра едно полувреме
СледноЗаврши првиот круг во ПМФЛ: Шкупи во шампионски ритам,“лавовите“ тотално разочарување!