На една асистенција до трипл-дабл: Дончиќ го водеше Далас до прва победа (ВИДЕО)

200

Лука Дончиќ и Далас ја запишаа првата победа во новата сезона во НБА-лигата по шокантниот пораз на стартот од Аталанта. Словенецот и неговиот тим беа подобри од Торонто со 95-103.

Дончиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 10 асистенции, девет скока, една блокада и пет загубени топки.

Во првите три НБА сезони, тој оствари 36 трипл-дабли, што е доволно да се најде на 11. место на листата на сите времиња, но можеше да има и многу повеќе. Ова му е 15. меч во кариерата во кој бил на чекор до трипл-дабл.

Најдобар учинок во изминатата вечер во НБА-лигата имаше Пол Џроџ, тој со 41 поен, 10 скока и четири асистенции беше најефикасен кај ЛА Клиперс, но неговиот тим беше поразен од Мемфис со 120-114.

Резултати: Кливленд – Аталанта 101-95, Индијана – Мајами 102-91 (прод.), Торонто – Далас 95-103, Чикаго – Детроит 97-82, Минесота – Њу Орлеанс 96-89, Сан Антонио – Милвоки 111-121, Портланд – Фениклс 134-105, ЛА Клиперс – Мемфис 114-120.

ФОТО: MavsPR/twitter
ПретходноСо Димитријевиќ изгледа едноставно – финта од учебниците (ВИДЕО)
СледноГостивар му фати сеир на Работнички по убедливиот триумф (ФОТО)