Големото англиско дерби преминува во кошмар за Манчестер Јунајтед затоа што на својот „Олд Трафорд“ доживува дебакл во дуелот со најголемиот ривал Ливерпул. „Црвените“ предводени од Јирген Клоп водат на полувреме дури со 4:0 со головите на Кеита, Жота и два гола на Салах. Вистинска фрустрација доживуваат момците на Солскјер, а ќе им треба чудо за да ги вратат работите на место и барем да спасат бод.
Пред неколку дена губеа на полувреме од Аталанта со 0:2, а во второто ги сменија работите од корен и на крајот славеа победа. Но сега имаат двојна поголема негатива. Ќе видиме дали ќе успеат нешто да поправат или ќе гледаме уште поголем потоп.
ВТОРИОТ ГОЛ НА САЛАХ НА ОВОЈ ЛИНК