ПМФЛ: Реми во Ѓорче, шампионот слави под Шара, “пиратите во 90+2.минута до трите бода! (видео)

462

Интересни пет меча во попладневното 11.коло во ПМФЛ. Реми во Ѓорче, Македонија ЃП и Струга ТЛ одиграа 1:1. Поведоа домашните со голот на Младеновски, за да Цветноски по малку и среќно успеа да израмни и да и донесе на својата екипа еден бод.

Шкендија го победи Работнички со 2:0, и тоа со головите на Елези и Рамадани. “Романтичарите“ не можат да ја сопрат својата црна серија, никако.

Брегалница просто го “скрши“ Пелистер. И тоа со 3:0, одличен беше Мартин Стојанов со два гола, Коцев беше стрелец на третиот.

Скопје го победи Тиквеш со 2:1, двата гола беа дело на Јашаровски, вториот за победа, го постигна во 90+2.минута. Големи, големи три бода за тимот од Автокоманда.

Академија Пандев со голот на Шаркоски во 87.минута му го загорчи дебито на клупата на Јане Николоски. Конечни 2:1 за гостите од Струмица.

РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1:1

(Младеновски 68./Цветаноски 77.)

ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА 0:3

(/М. Стојанов (п) 36., 74., Коцев 90.)

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 2:1

(Јашаровски 25., 90+2./Коцев (п) 49.)

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:0

(Елези 10., Рамадани 65./)

БОРЕЦ – А.ПАНДЕВ 1:2

(Ѓорѓевиќ 64./Мирчевски 32., Шаркоски 87.)

ВЧЕРА:

ШКУПИ – РЕНОВА 2:1

ПретходноЦицмиловиќ си поднесе оставка, не е веќе тренер на Воска Спорт!
СледноЛеванте со полна мрежа се враќа од соседството, Барди одигра едно полувреме