Роналдо им одговори на критичарите: Мирно спијам, секогаш ќе ви ја затворам устата!

310

Откако се врати во Манчестер Јунјатед, сите чекаат еден погрешен потег на Кристијано Р’оналдо за да можат да го критикуваат. Но, тој на најважните мечеви на „црвените ѓаволи“ покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Најмногу критики на адресата на португалскиот фудбалер има за дефанзивните задачи.

„Знам кога на мојот тим му треба помош во одбраната, но мојата задача е да постигнувам голови, дефанзивниот дел не е моја работа“, изјави Роналдо, па додаде:

„Луѓето не сакаат тоа да го видат, затоа што не ме сакаат, но да бидам искрен, имам 36 години и освоив се што можеше, па затоа не се грижам што зборуваат луѓето за мене. Мирно спијам и секогаш легнувам со чиста совест. Само продолжете да ме навредувате, ја секогаш ќе ви ја затворам устата“.

Роналдо смета дека критиките за потврда дека вреди.

„Критиките се дел од мојата работа, не сум загрижен за тоа. Кога ме критикуваат значи дека вредам и дека сум добар. Еве еден пример, ако во училиште си добар ученик, најлошиот секогаш не те сака“.

ПретходноГостивар му фати сеир на Работнички по убедливиот триумф (ФОТО)
СледноФитон Адеми: Дуелот со “лавовите“ е многу важен за Струга ТЛ!