Салах стана најдобриот африкански стрелец во Премиер лигата

86

Со трите гола против Манчестер Јунајтед голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах стана најефикасниот африкански фудбалер во историјата на Премиер лигата. Тој сега има 107 голови во 167 натпревари со што го превзема првото место од претходниот лидер, славниот Дидие Дрогба.

Дрогба сега е втор со 104 гола на 254 натпревари. Третото место го држи уште еден активен играч на Ливерпул, а тоа е Садио Мане со 100 гола во 237 натпревари. Топ 5 ги заокружуваат Емануел Адебајор со 97 гола на 242 натпревари и Јакубу со 95 гола во 252 меча.

Салах исто така стана првиот фудбалер на Ливерпул кој дава голови на 10 едноподруго натпревари.

ПретходноБускетс: Не заслуживме да изгубиме од Реал
СледноКошмар за Јунајтед на „Театарот на соништата“ (видео)