Роналд Куман е на жесток удар кај фановите на каталонскиот гигант по денешниот пораз на „Камп Ноу“ во вечното дерби со Реал со 2:1. Холанѓанецот не само што нема намера да се повлече од клупата на Барса, туку пред новинарите изрази оптимизам дека Барселона играла се подобро.
„Полека, но сигурно, играме се подобро и подобро. Се поблиску сме до победа на големи натпревари“, изјави Куман по натпреварот.
Веднаш откако Куман влезе во автомобилот, навивачите успеаја да го опкружат, и почнаа со жестоки критики кон него.