СУПЕР НЕДЕЛА: Ден за фудбалско уживање, да не сте мрднале од пред вашите телевизори!

213

Недостига уште дуелот Баерн Минхен – Борусија Дортмунд, за да овој 24 октомври 2021 биде совршен за фудбалскиот фан.

Замислете, денеска се играат најголемите дербија во Шпанија, Англија, Франција и Италија. Ла Лига, Премиер – лига, Лига 1 и Серија А.

Денеска е СУПЕР НЕДЕЛА, ден за фудбал. Затоа од 16:15 часот па до вечер, сместете се во своите фотелји пред ТВ приемници и уживајте. И се разбира мобилните или другите апарати да се до вас, да видите што има најново на порталите во врска со супер дерби мечевите.

Почнуваме со Барселона – Реал Мадрид и тоа од 16:15 часот. Продолжува супер денот со битката за Англија, меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул од 17:30 часот. Потоа во 20:45 часот ќе се следат дуелите меѓу Марсеј – ПСЖ и Интер – Јувентус.

Во Марсеј ќе “гори“, доаѓа вечниот и пребогат ривал кој се уште нема пехар во ЛШ, а нели Марсеј има.

Зарем некој може да биде рамнодушен кога се игра „Дербито на Италија“ меѓу Интер и Јуве, двата вечни непријатели.

Уф, ден каков што може само да се посака.

Уживајте…

ПРОГРАМА:

16:15 – БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД

17:30 – МАНЧЕСТЕР Ј. – ЛИВЕРПУЛ

20:45 – МАРСЕЈ – ПСЖ

20:45 – ИНТЕР – ЈУВЕНТУС

ПретходноЧудесниот Ибрахимовиќ влезе во историјата, само тројца се пред него!
СледноПМФЛ: Мане ќе „удри“ против “својот“ Пелистер, Јане ќе дебитира на клупата на Борец!