Фитон Адеми: Дуелот со “лавовите“ е многу важен за Струга ТЛ!

169

По пласманот во 1/4 финалето во Купот на Македонија, Струга ТЛ денеска ја чека тешко гостување во Ѓорче, каде се среќава со Македонија ЃП. Младиот напаѓач на Струга Трим Лум, Фитон Адеми (19) се почесто добива шанса од стручниот штаб да го искаже својот талент. Во пресрет на денешниот дуел со Македонија ЃП, Адеми за клупската интернет страница изјави:

Денешниот меч со Македонија ЃП во Ѓорче е многу важен за нас. Максимално ќе биде сконцентрирани и верувам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Атмосферата во екипата на Струга ТЛ е добра, посебно по пласманот во 1/4 финалето во Купот. Очекувам наша добра игра, фер судење и со малку среќа дека би можеле да останеме непоразени“ заврши Адеми.

ПретходноРоналдо им одговори на критичарите: Мирно спијам, секогаш ќе ви ја затворам устата!
СледноЧудесниот Ибрахимовиќ влезе во историјата, само тројца се пред него!