Фудбалерите на Лацио пред една недела се радуваа на голема победа против шампионот Интер, а денеска доживеаа студен туш со убедлив пораз од Верона. Екипата од Рим претрпе тежок пораз од 4:1 на ова гостување, а уште на полувреме губеа со 2:0.
Сите четири гола ги постигна Џовани Симеоне, синот на прославениот тренер на Атлетико Диего Симеоне. Toa е првпат Симеоне да постигне четири гола на еден меч и воедно стана прв играч на Верона кој реализирал толку голови на меч од Серија А.
Верона ја запиша третата победа сезонава, а Лацио третиот пораз.
Фиорентина на свој терен го „растури“ Каљари со 3:0. Головите ги постигнаа Бираги од пенал, Нико Гонзалез и Душан Влаховиќ.