Заврши првиот круг во ПМФЛ: Шкупи во шампионски ритам,“лавовите“ тотално разочарување!

840

Со одигрување на 11.коло во ПМФЛ, заврши и првата третина или првиот круг од тековната сезоната 2021/22. Ако се знае дека табелата е најмеродавно нешто за тоа што и како во поглед на резултатите, тогаш треба да се каже дека Шкупи покажа најмногу. По 11.коло четата на стратегот Гоце Седлоски е на првото место со пет бодови пред Ренова и А. Пандев и дури со 9 пред шамшионот Шкендија.

Ако не беше вчерашниот пораз на Чаир, тогаш и за “гипсарите“ се ќе беше совршено, додека А. Пандев покажа дека има екипа, има квалитет, но нешто недостига, нешто… за да се бори за титулата.

Брегалница влезе во победничка серија. Попладнево го “скрши“ Пелистер, едноставно „сините“ се истурија во Битола. И кога е така, тогаш јасно е дека штипјани заслужено се пред една Шкендија, Работнички, Струга ТЛ…

Струга ТЛ како да го плаќа данокот на евро- летото, Работнички е во слободен пад. До пред некое коло беше на делба на првото место, но црната серија никако да запре.

Шкендија е разочарување, да си во минус од 9 бода зад Шкупи, за тоа одговорот мора да го каже и тренерот Бруно Акраповиќ.

Сепак, најголемо разочарување е Македонија ЃП. Пред стартот на сезоната сите им предвидуваа на “лавовите“ најмалку трето или четврто место и битка за Европа, а тие по првиот круг се наоѓаат на 9. место со само 11 бодови, дури четири помалку од Скопје. Тим кој што сега е рамо до рамо со Струга ТЛ и Работнички. Борец собра 8 бодови, Тиквеш само 6, а Пелистер се уште ја чека својата прва победа. Веќе следниот викенд започнува вториот круг со мечевите од 12.коло.

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 26

2.РЕНОВА 21

3.А.ПАНДЕВ 21

4.БРЕГАЛНИЦА 19

5.ШКЕНДИЈА 17

6.СТРУГА ТЛ 15

7.РАБОТНИЧКИ 15

8.СКОПЈЕ 15

9.МАКЕДОНИЈА ЃП 11

10.БОРЕЦ 8

11.ТИКВЕШ 6

12.ПЕЛИСТЕР 4

ПретходноМладоста на Шкендија го “потопи“ Работнички!
СледноТотенхем го загуби и четвртиот лондонски дуел по ред (видео)