Дибала од пенал не дозволи Интер да слави на дербито на „Меаца“ (ВИДЕО)

193

Интер и Јувентус одиграа без победник, 1:1 во големото италијанско дерби на „Џузепе Меаца“ вечерва во мечот од 9. коло на Серија А.

Најважните работи некако се случија во првите 20 минути и во самиот финиш од натпреварот.

Интер стигна до водство со голот во 17. минута од првата вистинска шанса. Чалханоглу шутираше, топката ја погоди стативата и дојде до Един Џеко, кој тресе за 1:0.

Јувентус се обидуваше да дојде до израмнување во остатокот од натпреварот. Шансата за реми дојде во 89. минута кога беше досуден пенал за „Старата дама“, а Пауло Дибала погоди за 1:1.

 

ПретходноПСЖ извади реми во Марсеј, домашните фанови ги гаѓаа Нејмар и Меси со шишиња
СледноСуарез го спаси Атлетико (М) од пораз на домашен терен (ВИДЕО)