Бруно Акраповиќ: Момци, против Работнички мора да играте паметно!

266

Можеби не според местата на табелата и моменталната форма, сепак поради минатиот труд и освоените титули секако дека денешниот меч меѓу Шкендија и Работнички е дербито на 11.коло. Се среќаваат најтрофејните клубови, после Вардар, во нашата ПМФЛ.

На сратегот на тетовци, Бруно Акраповиќ, кој ова лето беше вратен да ја одбрани титулата, не му оди нешто најдобро. Има моменти на блесок, но почести се разочарувањата. Денешниот меч со Работнички мора да го добие ако сака колку толку да го држи чекорот со лидерот Шкупи. Сега разликата е 12 бода, со меч помалку, и се освен триумф на Шкендија ќе биде лошо, катастрофа за него.

Работнички исто во последно време игра лошо, не знае да победува. До пред некое коло беше на делба на првото место, но следуваше серија од неколку порази и лоши резултати и сега се наоаѓа само на бод пред Шкендија, на тоа петто место на табелата.

Традицијата вели дека Шкендија има многу добар скор со Работнички. Овие две екипи во првенството и купот одиграле вкупно 62 меча, од кои на 31 победила Шкендиј, значи на секој втор. На 13 средби немало победник а Работнички има само 18 победи.

Сето ова го знае Бруно, па така на вчерашниот тренинг, последен пред денешното дерби, тој апелираше до своите играчи дека мора да играат паметно ако сакаат да го победат Работнички. Неговата гестикулација која се гледа на оваа фотографија најдобро ги отсликуваат неговите зборови.

ПретходноПМФЛ: Мане ќе „удри“ против “својот“ Пелистер, Јане ќе дебитира на клупата на Борец!
СледноПрилеп или Кил сеедно – Вујовиќ никогаш не седи мирен (ФОТО-ВЕСТ)