Некогашниот првотимец на Вардар, Дарко Мицевски го освои својот прв трофеј како фудбалер на летонскиот Ригас. Тимот на РФС го освои Купот на Летонија откако денеска во финалето со 1:0 славеше над екипата на Лиепаја.
Мицевски го одигра целиот меч за Ригас, што за него беше прв комплетно одигран меч по пауза од 5 меча. Ова е инаку втора Куп титула за Ригас во нивното постоење.