Навистина чудна ситуација во НБА-лига. Иако Кајри Ирвинг поради одлуката да не прими вакцина нема да игра за Бруклин Нетс, ниту пак може да се присуствува на нивните натпревари, сепак на адресата на неговиот тим стигнаа бројни понуди за трејд.
Она што е уште поинтересна е дека засега не е познато кога Ирвинг ќе се врати на терените. Но, токму ова ги мотивира повеќе, се надеваат дека неговата цена ќе падне, па оние клубови кои имаат послаб тим, немаат да имаат ништо против да потпишат една ваква ѕзведа.
Втор проблематичен играч во овој момент е Бен Симонс, тој се скара со Филаделфија и не сака да игра за овој тим, но медиумите во САД тврдат дека Бруклин не размислува за трејд.