Леванте со полна мрежа се враќа од соседството, Барди одигра едно полувреме

114

Екипата на Леванте претрпе тежок пораз на гостувањето кај соседот Севиља со 5:3 во рамките на шпанската Ла Лига. По првото полувреме Севиља водеше со 3:1 со головите на Оливер Торес, Рафа Мир и Диего Карлос, а за Леванте погоди Моралес.

На почетокот на второто полувреме влезе Енис Барди, а додека нападот се поправи, одбраната не беше на ниво. Примија уште два гола, а напаѓачите не можеа да го следат „темпото“. Моралес и Мелеро стрелаа за Лаванте, а за Севиља голови дадоа уште Ел Хадади и Режес.

Севиља скокна на првото место на табелата, а Леванте е претпоследен.

ПретходноПМФЛ: Реми во Ѓорче, шампионот слави под Шара, “пиратите во 90+2.минута до трите бода! (видео)
СледноМладоста на Шкендија го “потопи“ Работнички!