Кошаркарите на Пелистер и по четвртиот меч во новата сезона во домашното првенство остануваат со 100% ефект. Четвртата победа за битолските „зелени“ дојде со една доминантна партија во текот на сите 40 минути против екипата на Кожув. Конечните 96:67 најдобро зборуваат за односот на силите на теренот.
Битолчани уште од стартот потврдија дека ќе биде тешко да се спречат на патот кон новата победа. Доминантната игра од четвртина во четвртина им носеше се поголема предност. Крајот на третиот период Пелистер го дочека со плус 30 (75:45), а во последниот период дебаклот можеше да биде и поголем, ако домашните продолжеа во ист ритам. Сепак, Пелистер кој едно време мина и со предност од над +40, подзастана, а гостите успеаја да намалат од негативата.
Младеновски, Кесар и Трајковски беа лидери кај „зелените“ со по 16 поени.