Интересни пет меча во попладневното 11.коло во ПМФЛ. Реми во Ѓорче, Македонија ЃП и Струга ТЛ одиграа 1:1. Поведоа домашните со голот на Младеновски, за да Цветноски по малку и среќно успеа да израмни и да и донесе на својата екипа еден бод.
Шкендија го победи Работнички со 2:0, и тоа со головите на Елези и Рамадани. “Романтичарите“ не можат да ја сопрат својата црна серија, никако.
Брегалница просто го “скрши“ Пелистер. И тоа со 3:0, одличен беше Мартин Стојанов со два гола, Коцев беше стрелец на третиот.
Скопје го победи Тиквеш со 2:1, двата гола беа дело на Јашаровски, вториот за победа, го постигна во 90+2.минута. Големи, големи три бода за тимот од Автокоманда.
Академија Пандев со голот на Шаркоски во 87.минута му го загорчи дебито на клупата на Јане Николоски. Конечни 2:1 за гостите од Струмица.
РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1:1
(Младеновски 68./Цветаноски 77.)
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА 0:3
(/М. Стојанов (п) 36., 74., Коцев 90.)
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 2:1
(Јашаровски 25., 90+2./Коцев (п) 49.)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:0
(Елези 10., Рамадани 65./)
БОРЕЦ – А.ПАНДЕВ 1:2
(Ѓорѓевиќ 64./Мирчевски 32., Шаркоски 87.)
ВЧЕРА:
ШКУПИ – РЕНОВА 2:1