Сосема неочекувано, со оглед на резултатите кои ги имаше во изминатите четири месеци како тренер на Воска Спорт, Раде Цицмиловиќ од денеска не е веќе шеф на струката на охридскиот второлигаш. Како што извести на својот ФБ профил, Цицмиловиќ ја информира јавноста дека тој поднел оставка од местото прв тренер на тимот на Воска Спорт.
Сепак се уште не се знае дали истата ќе му биде прифатена и кои се причините за ваквиот потег на Цицмиловиќ.