Да не ти дојдат на гости: Ливерпул на 8 гостувања сезонава постигна 30 гола!

300

По вчерашната „петарда“ во мрежата на Манчестер Ј. на „Олд Трафорд“, тимот на Јирген Клоп успеа да запише неверојатни 30 гола на осумте гостувања на кои се појави досега од почетокот на сезоната во сите натпреварувања.

„Црвените“ немаат гостински меч на кој не постигнале најмалку 3 гола, со што покажуваат дека се вистински страв и трепет за сите на кои им доаѓаат на гости. За разлика од головите кои ги даваат на гости, фудбалерите на Клоп на 8 гостувања сезонава имаат примено само 6 гола.

ПретходноМладост 96 и Крива Паланка 2007 не знаат за пораз во пинг-понгарскиот шампионат
СледноПремиерлигашите направиле коалиција против Њукасл: Никој да не им продава играчи во јануари!