Конечно, победија и „Лејкерс“, Голден Стејт не запира (ВИДЕО)

219

Во шесте ноќешни натпревари од НБА лигата ја видовме и првата победа на ѕвездениот тим на Лос Анџелес Лејкерс. „Езерџиите“  успеа во третиот обид од почетокот на сезоната да ја прослават првата победа, откако триумфираа во „Стејплс Центарот“ над Мемфис со 121:118.

Кармело Ентони беше фантастичен во составот на домашните најавувајќи ја својата нова „младост“ постигнувајќи 28 поени со кои с епроби на деветтото место на листата на најдобри поентери во историјата на НБА лигата. Ентони дојде до 27.323 поени во својата кариера.

Ентони Дејвис постигна 22 поени, додека првата ѕвезда на тимот Леброн Џејмс, постигна 19 поени.

Жешко беше во Сакраменто, каде Голден Стејт Вориорс ја остварија и третата победа во исто толку натпревари на крилата на Стивен Кари. Голден Стејт го победи Сакраменто Кингс со 119:107. 33-годишниот Кари во победата придонесе со 27 поени и запиша десет асистенции, со што стана првиот кошаркар во историјата на Голден Стејт со пет илјади асистенции во кариерата.

 

Еден од фаворитите за освојување на титулата моментално игра очајно. Бруклин Нетс синоќа загубија по вторпат сезонава, овој пат од Шарлот Хорнетс со 95:111.

Бруклин – Шарлот 95:111

Хјустон –  Бостон 97:107

Њујорк –  Орландо 104:110

Оклахома –  Филаделфија  103:115

Сакраменто – Голден Стејт 107:119

ЛА Лејкерс – Мемфис  121:118

ПретходноСуарез го спаси Атлетико (М) од пораз на домашен терен (ВИДЕО)
СледноМладост 96 и Крива Паланка 2007 не знаат за пораз во пинг-понгарскиот шампионат