Македонската кугларска репрезентација со пораз го почна настапот на Светското првенство во Тарново Подгорне во Полска. Во првото коло од групната фаза, нашите куглари беа поразени со 7:1 од селекцијата на Словачка.
Со оглед на резултатот во поени (3803:3724), јасно беше дека во секој од дуелите беше крајно неизвесно и нијанси решаваа во полза на противникот. Македонија на премиерата во групата „Б“ настапи во состав: Трпковски, Дарко Димитровски, Мемеди, Бенедик, Фучкар и Димитар Димитровски.
Денеска нашите куглари паузираат, а утре во 2. коло се среќаваат со фаворитот Србија.