Што се случува со Работнички: Тимот од Градски парк нема погодок цели 416 минути!

264

Кога на 19 септември, по триумфот над Македонија ЃП со 2:0 во Ѓорче, Работнички по тоа 7.коло се најде на делба на првото место на табелата со Шкупи, А. Пандев и Ренова, ретко кој, поточно никој, не можеше да претпостави дека на следните пет меча тимот од Градски парк нема да има ниту една победа. Работнички тогаш беше во налет, тимот на стратегот Александар Влахо играше добро, победуваше, единствена замерка беше не така добрата реализација.

Следуваше пад во формата на екипата. Работнички не само што не може да победи, туку замислете цели 416 минути овој тим нема дадено гол. Последен стрелец е Александар Ристевски на мечот со Пелистер на ФФМ во таа 34.минута. Следуваат мечевите со Шкупи (0:2), Скопје (0:1), со Пелистер во Купот (0:0) и вчера со Шкендија (0:2).

И кога е така, а така е секако, тогаш Работнички сега се наоѓа на седмата позиција на табелата со 11 бодови помалку од лидерот Шкупи. А нели до пред четири кола беа лидери. На овие четири меча, купот не го сметаме, Работнички успеа да освои само еден бод од можни 12, но и е елиминиран од Купот на Македонија.

Работнички на тие 11 меча од првиот круг сезонава, успеал да постигне само 9 голови, што во просек е помалку од еден на меч. Исто по 9 голови имаат Скопје и Борец, само Тиквеш и Пелистер имаат помалку.

И дефинитивно Работнички е во играчка и резултатска криза, па, време е за будење….

До репрезентативната пауза, Работнички игра на гости со Борец и дома со Академија Пандев. Еве шанса работите барем малку да се подобрат.

ПретходноВалверде со повреда по судирот со Пике
СледноНашата Сара Ристовска е неверојатна: Повторно е во ТОП листата на најдобри голови во ЛШ! (ВИДЕО)