Второлигаш патувал со “раскантано“ комбе 6.500 км и успеал да се пласира во Купот на Африка!

1035

И тоа го има во фудбалот. Сиромашен вторологашки клуб да направи сензација и да се пласира во групната фаза на Купот на Африка, налик на нашата Лига на Европа.

И тоа на каков начин?

Станува збор за екипата на Бинга, второлигаш од Мали, кој направил неверојатен успех со тоа што фудбалерите на овој клуб патувале со “раскантано“ комбе цели 6.500 км и дошле до фантастичен успех.

Најпрво Бинга го освои Купот на Мали, тоа било исто така голема сензација. Потоа во квалификациите прво го минал тимот на Монровија од Либерија, се разбира на возвратниот меч патувале со комбето. Во двата правци патувале 3.500 км. Во следната фаза од квалификациите се сретнале со екипа од Буркина Фасо. Првиот меч дома го загубиле со 0:1, но во реваншот победиле со 1:0 на гости и на пенали успеале да се пласираат во тој Куп. Сепак овој меч место да се игра во Буркина Фасо, се играл во Абиџан во Брегот на Слоновата Коска, што е одалечен 1.500 км од Мали. Значи и тука патувале уште 3.000 км со тоа комбе или половен автобус.

И кога ќе се собере се, фудбалерите на Бинга од Мали за еден месец патувале вкупно 6.500 км за да дојдат до овој голем успех за нив и тоа патувале со “раскантано“ комбе или мини – автобус ако сакате попрецизно.

Споредбено. Тоа е исто како кај нас на пример екипата на Слога Виница, прво да го освои Купот на Македонија како второлигаш, а потоа низ квалификациите да се пласира во групната фаза во Лигата на Европа, а притоа двапати да патува до Австрија на пример со „раскантано“ комбе, и тоа по некои делови на макадамски патишта.

Замислете…

ПретходноКОМЕНТАР НА 11.КОЛО: По првиот круг лидерот Шкупи на Шкендија и бега дури 9 бодови!
СледноРК Алкалоид не запира, совладан и Текстилец за “шест од шест“