По вчерашната „петарда“ во мрежата на Манчестер Ј. на „Олд Трафорд“, тимот на Јирген Клоп успеа да запише неверојатни 30 гола на осумте гостувања на кои се појави досега од почетокот на сезоната во сите натпреварувања.
„Црвените“ немаат гостински меч на кој не постигнале најмалку 3 гола, со што покажуваат дека се вистински страв и трепет за сите на кои им доаѓаат на гости. За разлика од головите кои ги даваат на гости, фудбалерите на Клоп на 8 гостувања сезонава имаат примено само 6 гола.